МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Култура » Културата не ги познава тесните рамки

Културата не ги познава тесните рамки 

knjige

Oтворен 59 саем на книги со пoраката „Време е за книга”,  а домаќин е Кина

Пред монументалниот штанд на Кина, почесен гостин на 59 меѓународен саем на книги, во Халата II е отворена најголемата културна манифестација во регионот под слоганот „Време е за книга“и со зборовите на нобеловецот Томас Ман дека сме на местото на кое секоја година „ужи­ва­ме во зборовите“.

Домаќините ги потсетија бројните гости дека „секоја национална кул­ту­ра е подигната на здание од книги, а во длабоките темели на светската ци­вилизација се древните записи на глинени плочки“ и затоа сме овде, зашто „знаеме која е вредноста на печатениот збор, а секоја книга го чека сво­јот читател и сигурно е дека тој ќе дојде по неа“.

Честа да го отвори официјално саемот му припадна на српскиот ака­де­­мик, поетот Милосав Тешиќ, којшто констатира дека „веќе 59 пат саемот по­кажува колку српската култура е широко, космополитски отворена спрема кул­турите на други народи, а тоа го потврдува и со фактот дека особен гос­тин на овогодишната белградска и светска ревија на книгата е Кина, земја го­лема во секој поглед, со една од најстарите книжевности во светот, што зна­чи со огромно културно наследство и традиција, но мошне различни во однос на српското и европското културно наследство“.

„Oстанувајќи отворени, но и пробирливи во таа отвореност, за сите пло­доносни странски влијанија и усогласувајќи ги со овдешните видувања и до­живувања на светот, ние можеме значи без затворање во тесните наци­о­нал­ни рамки, да продолжиме книжевно да ја развиваме и унапредуваме срп­ската книжевност“, препорача академикот.

Добрата книга од кој и да било вид учествува во создавањето на општо­човечките вредности, со вредната книга – по мера на човековите мож­ности – се дополнува богатиот и се осмислува универзалниот речник на посто­ењето, но и се чуваат битието и битот на секој народ. Секој писател е и непрочитан писател, зашто неговото дело секогаш се обновува од живиот пепел на неговата привидна надминатост“, заклучи Тешиќ и го прогласи саемот за отворен.

К. Виделински

Add a Comment