МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Политика » Косово воведе санкции за Русија

Косово воведе санкции за Русија 

taci

Оваа одлука е во корист на зачувување на меѓународниот поредок и осуда на газењето на една суверена и независна држава Украина”, рече Хоџај.

Косовската влада на денешната седница донесе одлука да воведе санкции за Руската Федерација, а одлуката стапи на сила веднаш.

Косовскиот министер за надворешни работи, Енвер Хоџај, вели дека одлуката на Косово се поведува од земјите од Европската унија, САД и другите земји кои како резултат на ситуацијата во Украина одлучија да воведат санкции за Руската Федерација.
“Оваа одлука е во корист на зачувување на меѓународниот поредок и осуда на газењето на една суверена и независна држава Украина”, рече Хоџај.

Оваа одлука, рече тој, потврдува дека Косово е стабилен партнер на евро-атлантските сојузници. Владата на Косово не соопшти за какви санкции станува збор.

Add a Comment