МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Политика » Книгата ги премостува рaзлике

Книгата ги премостува рaзлике 

На дваесеттиот Меѓународен салон на книгата во Нови Сад на штандот „Војводина – повеќе од книга“, во организација на Покраинскиот секретаријат за култура и јавно информирање и Секретаријатот за образование, управа и национални малцинства, меѓу изданијата на 11 јазици и на 14 издавачи се наоѓаа и книгите и списанијата издадени во НИУ „МИИЦ“ од Панчево.
Покрај списанието за литература, култура и уметност „Видело“ кое, според Илеана Урсу-Ненадиќ, координаторката на штандот, е едно од најдобрите од таков вид во Војводина и книгите и списанијата на македонски јазик го привлекуваа вниманието на посетителите. Посебно интересни за нив се двојазичните изданија и преводите што придонесуваат за подоброто запознавање на еден творец, споредување на јазиците, наоѓање на блискост и помагаат да се најде она копче што нй раздвојува само по јазикот.
Овај штанд е направен пред 20 години со намера да се промовираат оние издавачи кои немаат свои книжарници и кои се упатени само на директен контакт со читателите. Неговата концепција овозможува книгата да биде видена од страна на потенцијалните читатели, кои немаат поинаква можност да дојдат до неа.
- Ако ви кажам дека во просек во Нови Сад 70 луѓе застануваат пред штандот на „МИИЦ“, прашуваат кој е тоа, што е тоа, се информираат, а меѓу нив има и такви кои запишуваат, тогаш ќе знаете дека ова е голем чекор. Бројот на заинтересираните е многу поголем на Белградскиот саем, вели Илеана Урсу-Ненадиќ.
За ваквата состојба постои едноставно објаснување, а според неа тоа е што во Војводина живеат тие национални заедници и имаат директен контакт со своите издавачи и својот јазик, додека во Белград доаѓаат луѓе за кои тоа е новост. Затоа преводот и двојазичното објавување има големо значење, зашто на тој начин многу пати се зголемува бројот на потенцијалните читатели, но и значењето на литературата на малцинските јазици, кои излегуваат на видело во друг јазик.
- Јас сум убедена дека книгите на малцинските јазици, во естетска смисла, се исто толку вредни, можеби и повеќе од книгите издадени само на еден јазик. Но поради јазичните пречки тие остануваат запоставени. Затоа издавачката политика на НИУ „МИИЦ“ во тој поглед е многу добра. Со тоа, покрај тоа што се промовираат самите себе, своите книги, својата култура, се оформува и едно мислење кое е многу важно во овој дел на светот, истакна координаторката на штандот.
Од излагањето на книгите на саемите се гледа дека овој штанд го оправда своето постоење. Првобитната цел да ги заинтересира посетителите на вакви манифестации е исполнета. Многу луѓе кои доаѓаат на штандот сакаат да купат книги, но концепцијата на овој штанд е таква да не може да се оди на продажба, бидејќи Покраинскиот секретаријат на овој начин само ги промовира изданијата на националните заедници. Можеби во иднина, во договор со издавачите, ќе се промени и намената на штандот, но засега се прави многу и на овој начин.
Лилјана Лазареска

Add a Comment