МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Актуелно » Клучни резултати од годишниот извештај на Заштитникот на граѓаните на Р.Србија за 2016 година

Клучни резултати од годишниот извештај на Заштитникот на граѓаните на Р.Србија за 2016 година 

kljucni-rezultati

ВД Заштитникот на граѓаните на Р. Србија Милош Јанковиќ во Белград организираше собир под назив „Клучни резултати од годишниот извештај на Заштитникот на граѓаните на Р. Србија за 2016 година”, на кој учествуваа голем број на претставници на државни и јавни институции.

 

Во оваа прилика вршителот на должноста Заштитник на граѓани Милош Јанковиќ, кој е воедно и заменик на заштитникот на граѓаните за правата на лицата на кои им е одземена слободата, изјави дека веќе трета година по ред Парламентот на Р.Србија не го разгледува годишниот извештај за работата на Омбудсманот, иаку е тоа негова законска обврска. Тој истакна дека и после три месеци од доставувањето на овој последен извештај за 2016 година Парламентот сеуште не наоѓа време да го разгледа. Тој подсети дека ни предходните два таква извештаја не се разгледувани и дека институцијата Заштитник на граѓаните, не е единствена која се наоѓа во ваква положба,туку во слична состојба се и извештаите на Довереникот за заштита на рамноправноста и Довереникот за заштита на податоци на личности.

 

-Неопходно е во што покус рок овие извештаи да бидат разгледувани во Парламентот на Р.Србија, бидејќи содржат драгоцени податоци кои можат да придонесат во подобрување на работа на државната управа, беше заклучокот на Јанковиќ.

Тој потсети дека граѓаните најмногу се жалат во областите на стопанскиот и социјалниот статус, но и дека, речиси третина од жалбите биле поради лошата управа и истакна дека од минатата година се продолжил трендот по кој се намалува улогата на заштитникот на граѓаните во општеството и најчесто е оспораван низ медиумската пропаганда, од што произлезе влошување на соработката со поедини државни органи.

На овој собир Националниот совет на македонското национално малцинство го претставуваше претседателот на Советот Борче Величковски.

З. Митровиќ

Add a Comment