МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Култура » Калиопи донесе куфер полн со љубов во Белград

Калиопи донесе куфер полн со љубов во Белград 

kaliopi

Калиопи, популарна македонска поп-пејачка со исклучително моќен глас, одржа солистички концерт во рамките на најголемата регионална турнеја во нејзината кариера. Со придружба на нејзиниот бенд, го промовира новиот албум „Мелем” пред публиката во белградскиот Сава центар на 10 ноември 2013 година.

Покрај новите песни, Калиопи ги отпеа и класиците „Бато” и „Куфер полн со љубов” со кои ја доби славата во Југославија. Публиката ја пееше и композицијата „Црно и бело” со која ја претставуваше Mакедонија на Евровизија 2012 година.
Калиопи Букле (Кичево, 1966) е сестрана уметничка која компонира и пишува текстови за свои песни, но пред сe има глас со специфична боја, препознатлив на балканската музичкасцена. Соработува со светски познати музичари (Един Карамазов, Стинг и др). Има снимено девет албуми. Таа пишува музика и за театар. Ја играше главната улога во првиот македонски мјузикл „Чија си”.
Се занимава со добротворна работа и почесен е амбасадор на UNHCR во Македонија. Наградена е со статуата „Мајка Тереза” за својата посветеност на хуманитарната работа.

И.П

Add a Comment