МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Политика » Иванов: Прашањето за името како 35-то поглавје во преговорите за членство во ЕУ

Иванов: Прашањето за името како 35-то поглавје во преговорите за членство во ЕУ 

prasnjeto-za-imeto-POCETAK

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов учествува на Самитот на претседатели на „Процесот Брдо – Бриони“, што се одржува во црногорскиот град Будва. Шефот на државата со иницијатива отворање на поглавјата за разговори со Европската Унија, а 35-то поглавје да биде за надминувањето на спорот со името со јужниот сосед…

Лидерите на осум земји од Западниот Балкан и од Австрија, во Будва дискутираа за предизвиците со кои се соочува регионот. Претседателите на Црна Гора, Македонија, Словенија, Хрватска, Србија, Албанија, Косово, БиХ и Австрија, разговараа не само за забрзување на процесот на проширување на Унијата, туку за прв пат биле разгледувани безбедносни прашања меѓу кои и последните случувања во нашата земја.

Прашањата околу безебедноста ќе доминираат во наредниот период, порача претседателот Ѓорге Иванов. Пробелмите со бегалците, странските борци присутни на боиштата, се закана не само за државите од регионот, туку и за ЕУ, смета Иванов. Тој излезе и со иницијатива за надминување на проблемот со Грција, која го блокира почетокот на преговорите со Македонија. Тоа не е техничко, туку политичко прашање, нагласи шефот на државата.

„Во тој контекст беше и мојата иницијатива, она што нас не блокира, односно билатералната разлика што ја имаме со една членка на НАТО и ЕУ, тоа што Грција ни го прави постојано, да се надмине со тоа што прашањето за името да биде 35-то поглавје во разговорите. Македонија да ги почне преговорите, но тоа да се остави за на крај за да може да се најде начин да се затвори и тоа прашање“, изјави претседателот Ѓорге Иванов.

Претседателите на самитот изразиле загриженост за безбедносната и политичката состојба и и дале силна поддршка на Македонија. Пахор и Грабар- Китаровиќ, побарале поголемо присуство на ЕУ во регионот и најавиле дека што поскоро ќе ја посетат Македонија, за да покажат дека и таа и регионот имаат европска перспектива.

„Како Хрватска се залагаме за решавање на тоа прашање кое е билатерално, и поттикнуваме да се реши, бидејќи за Македонија е пречка за членство во ЕУ, но и во НАТО“, изјави претседателката на Хрватска, Колинда Грабар- Китаровиќ.

Пред почетокот на самитот Иванов имаше средба со неговиот австриски колега Фишер, а вчера и со српскиот, Николиќ. Разговарале за актуелните состојби во регионот и билатералните односи меѓу двете земји.

Иницијатори на „Процесот Брдо- Бриони“ се Словенија и Хрватска. Во овие пет години преку интензивна соработка меѓу политичките лидери, тие се обидуваат да обезбедат реалиација на повеќе проекти од интерес за регионот, и да го приближат кон ЕУ и НАТО.

С. Николовски

Add a Comment