МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Актуелно » Иванов во Белград на свечената инаугурација на Вучиќ

Иванов во Белград на свечената инаугурација на Вучиќ 

ivanov-u-beogradu

Меѓу бројните гости на оваа церемонија беше поканат и претседателот на Националниот совет на македонската нсционслнс заедница во Србија, господин Борче Величковски

Околу 5.000 поканети гости, десетина претседатели и премиери, бројни претсавници на Влади, министри и други јавни личности од Европа и светот присуствуваа во Палатата Србија на свечената инаугурација на Александара Вучиќ за претседател на Србија.

На свечениот прием присуствуваше и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов со министерот за надворешни работи Никола Димитров. Меѓу гостите беа и претседателите од земјите од регионот: Црна Гора, Хрватска, Словенија и БИХ- Филип Вујановиќ, Колинда Грабар- Китаровиќ, Борут Пахор, како и потпретседателот на Бугарија, Илијана Јотова и престолонаследникот на Обединети Арапски Емирати, шеик Мухамед Бин Зајед.

На церемонијата присуствуваше и унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговиот австриски колега Кристијан Керн со Себастијан Курц.

Од САД присутен беше заменик- помошникот на државниот секретар Хојт Ји, а од Русија  заменик на премиерот- Дмитриј Рогозин. Од Кина присуствува заменик-претседателот на кинеското Собрание, а од ЕУ, комесарот Јоханес Хан.

На церемонија присуствуваа и бројни министри и претставници на влади од Европа и светот, меѓу кои и поранешниот германски канцелар Герхард Шредер.

Меѓу бројните гости на оваа церемонија беше поканат и претседателот на Националниот совет на македонската заедница во Србија,господин Борче Величковски.

Во Белград се одвива и динамична дипломатска активност, а се уприличи и средба меѓу претседателите Вучиќ и Иванов и министерот Никола Димитров.

Оливер Бранковиќ

Add a Comment