МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Култура » Здружение за заштита и чување на обичаите на Македонците

Здружение за заштита и чување на обичаите на Македонците 

download-28

МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАЛУЃЕРИЦА

На 09.08.2014 во општина Гроцка, месна заедница Калуђерица, се одржа трибина во организација на Здружението за заштита и негување на обичаите на Македонците. На дневниот ред на трибината се најдоа следните теми: 1. Запознавање на граѓаните на Гроцка, прпадници на македонското национално малцинство со работењето на здружението, целите како и со досегашните и идните активности кои се во план. 2.

Информирање на граганите за работењето на НС на МНМ во Р. Србија и предстојните избори за националниот совет и со тао во врска значењето за запишување на граганите припадници на македонското национално малцинство во посебниот избирачки список. Трибината ја отвори членот на управниот одбор на здружението Бранко Милошевски кој најпрвин се заблагодари на присутните што дојдоа во голем број како и на општина Гроцка за користење на просториите во Калуѓерица. Потоа зборот му го даде на претседателот на здружението Ненад Коруноски кој ги информираше присутните за задачите и целите на здружението и како тие се остваруваат. За досегашните и активности кои се во план присутните ги информираше потпредседателот на здружението Предраг Коруноски.

На собирот им се обрати Миливоје Трајковиќ кој е претставенкоко претседател на локалното КУД и претседател на собранието на здружението „Завичај”. Сите присутни ги поздрави и укажа на тоа дека неговите први комшии се Македонци и дека би посакал на сите Македонци да им бидат комшии бидејки се мошне добри комшии.Точката еден од трибината заврши со емитување видео материјал од манфестацијата „Галичка Свадба” кој беше топло примен кај присутните.

По втората точка од дневниот ред збореше Марјан Јованоски, конзул на Р. Македонија во Р. Србија. Потенцирајќи го значајот и досегашните резултати во работењето на НС истакна конзулот исто така дека како чадорна институција на сите здруженија на македонската заедница во Р. Србија дава голем допринос во работењето на истите. Во таа насока важно е за претстојните избори за национални совети кои се во октомври годинава да се запишат што повеќе граѓани од македонската заедница во Р. Србија дава голем допринос во работењето на истите. Во таа насока важно е за претстојните избори за национални совети кои се во октомври годинава да се запишат што повеќе граѓани од македонската заедница во посебен ибирачки список за нашето малцинство. Секретарката на националниот совет, госпога Славица Секулиќ, обврна внимание кон техничките прашање поврзани со запишувањето во посебниот избирачки список. Трибината потоа продолжи во опуштена атмосфера и богата народна маса со специја литети од домашна кујна.

П. Коруноски

Add a Comment