МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Во неколку зборови » Здружението „Илинден“ од јабука на фамназ

Здружението „Илинден“ од јабука на фамназ 

festival-jabuka

На третиот по ред организиран фестивал на алтернативна музика на јазиците на националните заедници ( ФАМНАЗ), кој се занимава со презентација на алтернативната уметност на јазиците на заедниците на националните малцинства кои живеат на областа на Панчево.

Фестивалот го организира Здружението за развој на културата „Електрика“ од Панчево, во соработка со Домот на млади во Панчево и со финансиска поддршка од Градот Панчево.

Фестивалот се одржа на 22 август, под слоганот ФАМНАЗ ТЕРАПИЈА, а учество зедоапретставниците на ромите, русините, словаците и романските стрип уметници, хип-хопери, рок и панк изведувачи.

Во клубот „Двориште“, каде под називот „Деликатесна Терапија“, се изврши бесплатна дегустација на храна, подготвена според традиционалните рецепти, од страна на припадниците на словачката, унгарската, романската, ромската, кинеската, и, се разбира, македонската заедница во Панчево.

Македонската култура, традиција, творештво и кујна беа презентирани од страна на македонското здружение „Илинден“ од Јабука, кое зеде учество на овој фестивал.

 К. В.

Add a Comment