МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Култура » Здружението „Гоце Делчев“ и оваа година на ,,Власинско лето“

Здружението „Гоце Делчев“ и оваа година на ,,Власинско лето“ 

куд

Традиционално во Сурдулица од 7 јули до 10 јули 2011 го- дина се одржа културно -ту- ристичка манифестација „Власин- ско лето 2011“, на која беа презен- тирани туристичките можности на овој крај, а воедно се одржа и нат- превар за избор на труба за настап во Гуча 2011 година.

Здружението ,,Гоце Делчев“ и оваа година беше повикано од Културниот центар на Сурдулица да ги презентира рако- творбите и културното наследство на македонското малцинство. Нашиот штанд ја оправда довер- бата со поставката на македонски носии, стари предмети, ракотвор- би и уметнички слики од членови- те на здружението. КУД ,,Бранко Чајка“ на српско- македонското здружение од Тето- во и оваа година се претстави нај- првин на 8 јули со сплет игри и пе- сни од Р. Македонија, а потоа на 9 јули настапи на падините на Вла- синско езеро. Посетата на раководството на КУД „Бранко Чајка“ на штандот со музичка придружба на членови- те кои спонтано ги запејаа песни- те ,,Битола мој роден крај“, ,,Трпана“ и ,,За многу години Македонци“, ги разгали посетителите кои заиграа и оро. Од балконите се слушнаа апла- узи и повик: дојдете пак.

Оваа сред- ба на прекрасниот плоштад беше место за договор со раководството на КУД „Бранко Чајка“ за нивниот концерт кој се одржа на ,,Трг Стани- ше Стошиќа“ во Врање на 31 јули. Посебно беа задоволни жители- те на Сурдулица, кои секојдневно го посетуваа штандот каде можеше да се прочита ,,Македонска виде- лина“, да се разговара за сите акту- елности, а најповеќе за идниот по- пис и за студирањето на факулте- тите во Р. Македонија.

П. Р.

Add a Comment