МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Култура » За најдобите награди и признанија

За најдобите награди и признанија 

uciniste-kacarevo

ПРОСЛАВЕН ДЕНОТ НА УЧИЛИШТЕТО ВО ЈАБУКА

Спортски натпревари, квизови, замена на улоги и богата културно-уметничка програма се настани одржани во втората недела во мај со кои е одбележен Денот на ОУ „Гоце Делчев“.

Со богата културно-уметничка програма одржана на 15 мај во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Јабука Основното училиште „Гоце Делчев“ го заврши одбележувањето на Денот на училиштето.

Пред своите родители, учители, наставници и жители на Јабука учениците рецитираа, свиреа, пееја и глумеа. Покрај на српски присутните имаа прилика да слушнат рецитации и песни и на англиски, германски и македонски јазик. На приредбата на најдобрите ученици во знак на благодарност за постигнатите успеси на многу натпревари на општинско и републичко ниво, од името на колективот директорот на училиштето Милосав Урошевиќ им подари книги.

Во текот на втората недела на месец мај исто така беа одржани низа спортски натпревари и квизови на знаење од општа култура каде учениците се натпреваруваа и го покажаа своето знаење.

-Тие најмногу уживаа во денот кога учениците и вработените ги заменија улогите. Многу сериозно го сфатија тоа и одлично си ја вршеа должноста. Секако ние ги стававме нив во незгодни ситуации во кои тие секојдневно нѐ ставаат и на наше задоволство одлично се снајдоа и совесно одговорија на поставените задачи, истакна директорот на училиштето.

Лилјана Лазареска

Add a Comment