МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Култура » ЖИВКО ЈАНЕСКИ – ШАРСКИ: ПОСВЕТЕН И НЕНАМЕТЛИВ ТВОРЕЦ

ЖИВКО ЈАНЕСКИ – ШАРСКИ: ПОСВЕТЕН И НЕНАМЕТЛИВ ТВОРЕЦ 

30

Роден е  27. февруари 1946 године на стрмините на Шар планина во селото Рогачево крај Тетова, Република Македонија.Основното и осумгодишното училиште го завршил во родното место.

Средно градежно техничко училиште завршичл 1964 година во Скопје.

Во текот на работењето, вонредно ги завршуил студиите на Факултет за политичките науки во Белград.

Од 1978 година работел како шеф во кадровската служба во „Енергопроект“.

1990 година ја врши функцијата на помошник директор во секторот – нискоградба.

Пишува поезија, проза, романи, патеписи, и драмски текстови. Ги има објавено, по меѓудругите и книгите: „Писма од Перу” 1988 патепис, „Африка во моите очи” 1989 птепис, „Шарпланински ветрометини”, 1993 роман, „Шар басни” 1995, приказни за животните, „Русија на раскрсницата на милениумот“ 1995, политиколошки патепис, „Понекогаш со носталгија“ 1998 поезија, Чарите на патувањта” 2001 раскази, „Понекогаш во полусон” 2004 поезија, „Гратски басни” 2004 раскази за гратските животни, „Шарени магли” 2004 роман, Транспарентната транзиција” 2005 драми, „Бурна времиња” 2005 три воени драми, „Рогачево” 2006 монографија, „Шар Планина” 2007 монографија, „Шарениот рај“ 2014 роман, „Од неботово ребра“ 2015 раскази-записи-драми, „Срма поетика“ 2015 поезија (двојазично).

Застапен е во бројни списанија, зборници и антологии.

Добитник е на повеќе книжевни награди во Србија и вон неа.

Живееи делува во  Земун.

 

 

 

КОГА ЌЕ ГИ СКЛОПАМ ОЧИТЕ

 

Кога ќе ги склопам очите

Додека душата уште талка

Ќе ми биде секако жал

Што повеќе не ќе можам

Да гогледам животот кој минува

 

Кога ќе појдам на последениот пат

Ќе ми е жал ако биде лето

Што не ќе можам да ги гледам

Убавите жени додека шетаат

Нарочно нежно разголени

 

Кога ќе ги затворам очите

Не би сакал дае пролет

Додека цути најубаво цвеќето

Кога розите што ги садев

Опојно мирисаат насекаде

 

Кога еднаш ќе речам збогум

Не би сакал да биде есен

Додека зреаат вкусни плодови

Со своја рака што ги посадив

И ја сакав нивната сласт

 

Кога еднаш ќе ги скопам очите

Не би сакал тоа да биде

Во ладни зимски денови

Додека копаат плитки гробови

А снегот го покрива секој траг

 

Кога еднаш тоа мора да дојде

Нека биде кога мора да биде

Само јас тоа да не го осетам

Срцето тивко да ми заспие

Прегрнати со животот

Како доликува

СРЕДБА

 

Те сретнав како човек зрел

Случајно дојде во мој град

Те сочекав со воздив врел

Иаку јас веќе не бев млад.

 

Очите збореа повеќе од тебе

Кога за вечера ми стисна рака

Се стоплив ме стави до себе

Сѐ ми помина штом ме погледна така

 

Пријателот беше симпатичен

Иаку очекував да стигнеш сама

За таква награда сум таличен.

 

Ти се покажа како права дама

За љубов немаше тука прилика

За вечност ми остана како убава слика.

 

Приредила: ДУШИСА ИЛИН

Add a Comment