МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Култура » Да се унапреди комуникацијата со националните малцинства

Да се унапреди комуникацијата со националните малцинства 

bosnjak

На националната конференција „Кон политиката на интегративна мултикултуралност“, која била одржана во Медија центар, учествувал и државниот секретар во Министерството на државната управа и локална самоуправа, Иван Бошњак. На собирот учествувал и Заштитникот на граѓаните Саша Јанковиќ, шефот на политичката секција во Делегацијата на Европската унија во Белград, Лука Бјанкони, како и претставници на граѓанското општество.

Бошњак најпрво ги поздрави присутните и им изрази благодарност на организаторите за собирот, а потоа изрази надеж дека до наредните избори во 2018г. ќе имаме нов или значително изменет Закон за националните совети на националните малцинства. Посебно го истакна значењето и придонесот од соработката со организациите, граѓанското општество, како и со претставниците на националните малцинства.

Државниот секретар најави дека ќе биде формирана и работна група, која во рамките на Акциониот план за 23 поглавје од преговорите, помеѓу останатите теми ќе се занимава и со прашањата за малцинствата.

„ Министерството, посебно внимание ќе посвети на унапредување на интеркултуралната комуникација во средините со националните малцинства“, заклучи Бошњак и додаде дека во наредните недели очекува да се одржи седница на Републичкиот совет на националните малцинства, во чија работа би учествувале и претставниците на власта, како и лидерите на новоформираните национални совети на националните малцинства.

Add a Comment