МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Политика » Дачиќ: Некому нема да се допадне учеството на Србија на парадата во Москва

Дачиќ: Некому нема да се допадне учеството на Србија на парадата во Москва 

dacic-parada

(МИА) ­ Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека одлуката за учество на Србија на воената парада по повод Денот на победата 9. мај, во Москва, на некои нема да им се допадне, но оти Србија води суверена надворешна политика во согласност со националните и државните интереси. ­ – Не очекувам некои проблеми, но таа одлука на некого нема да му се допадне, истакна Дачиќ, кој учествува на министерскиот состанок за енергетска безбедност во Централна и Југоисточна Европа. Тој наведе дека Србија дала голем придонес во борбата против фашизмот. ­

- Наши претставници досега учествуваа во сите воени паради ширум светот и во тоа нема никакви дневнополитички причини, туку тоа е обележување на историски важен датум, наведе Дачиќ. Српскиот претседател Томислав Николиќ потпиша указ со кој им се дозволува на единици на српската армија да учествуваат во воената парада во Москва. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека Русија поканила воени единици од 16 пријателски држави и членки на антихитлеровската коалиција. Девет земји го потврдиле учеството, две откажале, а другите се уште не одговориле. Предвидено е на овогодинешната Парада на победата да учествуваат 15.000 луѓе. На парадата пред пет години на Црвениот плоштад учествуваа 11.135 војници и офицери.

Add a Comment