МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Политика » Груевски – Вучиќ: Заедничката седница

Груевски – Вучиќ: Заедничката седница 

gruevski-vucic

Груевски – Вучиќ: Заедничката седница потврда за одличните односи меѓу Македонија и Србија

Седум меѓу-владини договори е конкретниот резултат од втората заедничка владина седница меѓу Македонија и Србија. Вучиќ и Груевски ја оценија како исклучително плодна, за разлика од првата во Белград која беше вовед во зајакнување на меѓудржавните односи.

Српскиот Премиер не криеше дека од Македонија има што да се учи и дека овдешните реформи кои ги прави владата се добар чекор кој може да се имплентира и во Србија.

„Србија има од кого да учи!“, рече српскиот премиер Александар Вучиќ и додаде дека Србија го пресликувала македонскиот модел за да привлече повеќе инвестиции. Тој ги акцнтира реформите што се спроведуваат во земјава, особено во областа на економијата. Задоволен е од заеднички одржаната владина седница, вели, поуспешна е од онаа во 2013-та одржана во Белград.

„Ние учиме и прифаќаме од сето она што се случува во Македонија. Ние не се срамиме, напротив сме горди на тоа. Сите паметни луѓе учат од сите оние за кои сметаат дека од нив можат да научат, а ние многу учиме од нашите македонски колеги. Се надевам дека и тие од нас ќе имаат можност некогаш да научат нешто“, нагласи Вучиќ.

За македонскиот премиер реалациите со Србија се пример за добрососедски односи. Заедничките владини седници ја јакнат политичката и економската соработка.

На оваа владина седница присуствуваше и министерот за образование, Адеми кој со својот српски колега потпиша договор за соработка во образованието. Присуството на Адеми му дава нов момент на овие меѓувладини седници, нешто што го потенцираше и Вучиќ.

Интересот на српските медиуми беше насочен кон неодамнешните билборди на ВМРО- Народна. Премиерот ги увери дека државната политика на Македонија е во функција на пријателски меѓусоседски односи и дека станува збор за изолиран случај.

Втората заедничка седница на двете влади е доказ дека постои континуитет во градењето на добрите односи, истакна премиерот Никола Груевски на прес конференцијата. Додаде дека со неговиот колега во целочасовниот разговор, нашле заеднички интереси во сите сфери.

„Заеднички е заклучокот дека подобро економско поврзување може да се оствари преку реализација на конкретни проекти, инфраструктурно и енергетско поврзување, како и преку стимулирање на трговската размена, инвестиции и заеднички настап на трети пазари“, изјави премиерот Груевски.

Како доказ за плодните дискусии и согласувања, министрите на двете влади потпишаа седум документи од различни сектори за зацврстување на одличните односи меѓу Македонија и Србија.

Српската владина делегација имаше средби и со претседателот Иванов и со Претседателот на парлементот Вељановски.

Марјан Николовски 

Катерина Топалова

Add a Comment