МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Култура » ГОСТИН ВО ОВОЈ БРОЈ: СЛАВИЦА ПЕЈОВИЌ

ГОСТИН ВО ОВОЈ БРОЈ: СЛАВИЦА ПЕЈОВИЌ 

gostin-na-ovoj-broj

Славица Пејовиќ родена е во Мокрин покрај Кикинда. Класична гимназија завршила во Пожаревац, а Факултет на политички науки, отсек Меѓународни врски, на Белградскиот универзитет. Основач е на Клубот на љубители на книга „Мајдан“ во Костолац, иницијатор и двигател на бројни културни манифестации кои постанале традиционални во овој град, како што се: Книжевно-духовни средби во чест на Св. Браќа Кирил и Методиј, „Костолачка жишка“ и меѓународната поетска манифестација „Орфеј на Дунав“.

Основач е на познатото списание за книжевност, култура и уметност „МАЈДАН“ кое редовно излегува од 2003 година. Авторка е на бројни публикации, поетски и прозни дела.

Добитничка е на голем број книжевни награди и признанија во земјава и во странство. Преведувана на повеќе странски јазици.

Живее и работи во Костолац

НА БРЕГОТ

Не го кажувам

Тоа што сакаш да го чуеш

Нити сум таа

Која можеш да е имаш

 

Добро во доброто

Го гледам

И чекам

Додека чекање има

 

Во окото сум на оној

Кој гледа и сака

Со мене

На ридот на мислите

 

И нема

Сакам ли сни да сневам

И взалуд животот

Од живот да отргнам

 

Во пламен е потокот

Во неверица и вчудовиденост

Сега немоќна

Додека се барам

 

Со тебе или без тебе

Во твојата сенка

На брегот

БЕЛЕШКА И ПРЕВОД: ДУШИА ИЛИН

Add a Comment