МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Актуелности » Годишноица од насилството над Србите НА КиМ

Годишноица од насилството над Србите НА КиМ 

godisnjica

Во тродневното мартовско насилство во 2004г. убиени се 19 луѓе, меѓу кои осуммина Срби. Околу 4.000 луѓе се протерани од своите домови, а повеќето од нив не се вратиле назад, уништени се околу 800 српски куќи, 35 цркви и манастири.

Со парастос во црквата Св. Никола во Приштина и со протестен собир во Грачаница, се одбележаа 11 години од најголемото насилство над Србите, по доаѓањето на меѓународните мировни сили на Косово.

Парастосот на настраданите во обновениот храм Св. Никола во Приштина, по повод годишницата од насилството над Србите во март 2004 година, го служеле свештениците од рашко-призренската епархија.

„Ако е Господ со нас и ако ја имаме неговата поддршка и него за заштитник, никој не може да тргне против нас и да ни напакости. Нека почиваат во мир душите на починатите, неправедно настрадани и нека нивните души го најдат својот спокој“, рече свештеникот Дарко Маринковиќ.

На парастосот воПриштина, присуствуваа само десетина луѓе. Дејан Павиќевиќ, офицер за врски на Влада Србија со Приштина, ги повика сите Срби на прошка заради соживот на Косово.

„Јас искрено се надевам дека ќе бидеме помудри да не има две илјади пати повеќе, иако денес сме илјада пати помалку, и дека тажните ѕвона кои повикуваат на парастос ќе се слушнат само на 17 март, а во другите денови ќе се слушаат весели ѕвона кои ќе го огласуваат крштевањето на српските деца“, порача Павиќевиќ.

Покрај Павиќевиќ, на парастосот присуствуваше и Бранимир Стојановиќ од политичарите, заменик на косовскиот премиер и градоначалник на Грачаница, Владе Костиќ.

„Ни останува само да се бориме и да се надеваме, дека после специјалниот суд кој ќе се занимава со злосторствата од 1998 до 2000, ќе дојде некој друг или нов суд или некоја нова сила, која ќе го постави прашањето: Што се случило во 2004? А, оние кои го организирале тоа, ќе мораат и да одговораат за стореното“, истакна Стојановиќ.

Во знак на сеќавање на настраданите и грабнатите, пред споменикот Мисинг во Грачаница, одржан е протестен собир на кој присуствуваа стотина луѓе.

Во мартовското насилство што во 2004 година траеше три дена, убиени се 19 луѓе, меѓу кои осуммина Срби. Околу 4.000 луѓе се протерани од своите домови, а повеќето од нив не се вратиле назад, уништени се околу 800 српски куќи, 35 цркви и манастири.

Причина за почеток на Мартовското насилство беше лажната вест на Радио Телевизија Косово, дека Срби се одговорни за удавувањето на две албански момчиња во реката Ибар, кај селото Чабра на север од Косово. Нападите над Србите и нивниот имот почнале најпрво во Косовска Митровица и Чаглавица, а подоцна се прошириле на цело Косово.

Здруженито на новинари на Србија и Друштвото новинари на Косово и Метохија, потсетија дека ниту по 11 години од масовното насилство над Србите, Радио-телевизија Косово не се извини поради невистината, која им послужи како активатор за тие немили настани.

 

Будимир Ничиќ

Add a Comment