МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Најнови вести » Главниот интерес во медиумите треба да биде вистината

Главниот интерес во медиумите треба да биде вистината 

glavni-interes-za-medije-istina

Најважно е да се направи проверка на фактите и на податоците пред да се објави некое истражување или документ, за да не може подоцна да дојде до оспорување и тужба, што може да резултира и со голема парична казна или казна затвор за новинарот.

Пристапот до информации од јавен карактер како главна алатка во медиумското известување и како да се заштити приватноста на новинарот и на изворот на информации беа само дел од темите за кои се расправаше на форумот „Медиумите во Југоисточна Европа – недоволно или премногу информации“.

Реномирани домашни и меѓународни претставници од сферата на медиумите, граѓанското општество, државните институции и академската јавност дебатираа и за други прашања, како на пример слободата на говорот и медиумската саморегулација.

Учесниците на дискусијата од Србија, Бугарија и Словенија, како и од Шпанија и Ирска,за пристап до информации од јавен карактер, истакнаа дека е тежок пристапот до одредени документи од јавен карактер.
Учесниците истакна дека се користат разни изговори од институциите за да не се даде одредена информација. Може да поминат и неколку месеци додека се одговори на захтевот и да се добие саканата информација, бидејќи обично се работи за информација што мора да се искористи во моментот.
Заштитата на личните податоци на Интернет, новинарството базирано на податоци и приватноста и заштитата на новинарските извори беа коментирани од истражувачки новинари и уредници на медиуми на Балканот и во Европа. Главна цел на оваа дискусија беше како новинарот да се заштити од објавување тајни документи и информации и кои се последиците за новинарот од користење извори како „Викиликс“.

Најважно е да се провери информацијата


Милица Шариќ од Центарот за истражувачко новинарство во Србија (ЦИНС) вели дека многу е важно филтрирањето на информациите што ги добиваме секој ден во големи количества и дека новинарите треба да знаат како да си ги заштитат податоците на Интернет, бидејќи многу лесно може да се дознае изворот на информација.
- Во Србија притисокот е голем доколку сакаш да известуваш објективно и да не паднеш под влијание.

Во ЦИНС се трудиме да ги почитуваме сите светски стандарди на новинарството и да известуваме на најдобар можен начин – вели Шариќ.

Таа објаснува дека најважно е да се направи проверка на фактите и на податоците пред да се објави некое истражување или документ, за да не може подоцна да дојде до оспорување и тужба, што може да резултира и со голема парична казна или казна затвор за новинарот.
- Во морето од информации што денес ги добиваме важно е да се избере тоа што е од јавен интерес, а не тоа што може да го продаде весникот.

Доколку, пак, мора да се објави нешто што не може да се провери, бидејќи има и такви случаи, тогаш мора да се измери колку таа информација или истражување е од јавен интерес за граѓаните – вели Шариќ.

Add a Comment