МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Политика » Вучиќ: На Србија никој не може да и наредува

Вучиќ: На Србија никој не може да и наредува 

aleksandar-vucic1

Србија, која се наоѓа на европскиот пат е слободна земја, која треба да се почитува и никој не може да и наредува да ги наруши односите со Руската Федерација, порача српскиот премиер Александар Вучиќ.

Тој истакна дека Србија не вовела, ниту планира да воведе санкции против Русија, туку напротив, планира да соработува со Моска, особено во областа на енергетиката.

- Српскиот и рускиот народ се мошне блиски и имаме многу заеднички проекти, изјави српскиот премиер за руските медиуми.

Вучиќ истакна дека патријархот на Српската православна црква, Иринеј му кажал дека ставот на Црквата е оти не треба да се воведуваат санкции против Русија.

- Му кажав, Црквата во Србија не одлучува, но ви благодарам на вашето мислење. И мошне е важно да знаеме што мисли Црквата, додаде Вучиќ.

Говорејќи за прокетот „Јужен тек“ Вучиќ истакна дека Србија имала прилично тешки услови, но оти благодарение на желбата на претседателот на Русија, Владимир Путин „брзо и лесно е постигнат договор“.

Тој оцени дека во реализацијата на проектот за изградба на гасоводот „Јужен поток“ не зависи се од Србија, туку и од Русија и Европската унија.

- „Јужен поток“ не може да почне на границата на Србија и Бугарија и да заврши на границата на Србија и Унгарија. Тој треба да мине низ Бугарија, Унгарија, Австрија и сите останати земји. Србија својата работа ја изврши на соодветен начин, а останатото зависи од другите, додаде Вучиќ.

Add a Comment