МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Култура » Враќање на балканското прашање

Враќање на балканското прашање 

Uspravna-vrakanje-na-balkanskoto-prasanje

 „Балканот мора да се европеизира, со цел да избегне балканизација на европа“. Овие зборови ги напишав заедно со францускиот политолог, Жак Рупник, во 1991, како што започнуваше војната помеѓу земјите на поранешна Југославија. Борбите траеа до крајот на деценијата, оставајќи илјадници жртви и два пати предизвикувајќи НАТО интервенција (во 1995 во Босна и во 1999 во Србија).

Речиси четврт век подоцна, Балканот продолжи да претставува закана за европскиот мир, исто како што беше во пресрет на Првата светска војна и крајот на Студената војна, кога распадот на Југославија не само што доведе до прв воен конфликт по 1945, туку и враќање на геноцидот. Неоддамнешните борби во Македонија, во кои загина 8 полиација и 14 албански милитанти, го зголемија насилството. Тешко е да се каже дали крвопролевањето претставува страта и неизлечена рана, или пак нешто ново, силна реакција против мнозинската славјанска влада која се чини дека е наклонета кон прифаќање на етничкиот шовинизам.

Она што е јасно е дека регионот и понатаму претставува експлозивна реалност на работ на рускиот авантуризам во Украина, која е способна да ја загрози стабилноста на Европа. Регионот претставува експлозивна комбинација на зголемен национализам, длабока економска фрустрација и разочараност од напредокот околу членството во Европската Унија. Потенцијалот за „нурнување“ во еден хаос, не’ обврзува уште еднаш да разгледаме како најдобро да се справиме со балканското буре барут.

Кога неоддамна бев во Белград, пукањето во Македонија беше главна на тема на разговор низ градот. Некои од моите српски соговорници го осудија слепилото на Западот. Особено ја критикуваа Европската Унија, НАТО и Организацијата за безбедност и сорабтока во Европа за опишиување на насилството како серија од „изолирани инциденти“. Од српска гледна точка, нападот од страна на албанските националисти е обид за проширување на својата територија за сметка на своите христијански соседи, почнувајќи од најслабите.

Тоа се нивните погледи заедно со насилството, ризикот од јакнење на длабоката амбивалентност во рамките на ЕУ и  изгледите за секое ново проширување. Преседанот на Грција се чини особено релевантен кога се применува за нејзините северни соседи, кои слично како и нив, се соочуваат со висока стапка на невработеност и корупција. А дел од земјите од ЕУ гледаат како афинитет на Православна црка и нејзините приврзаници кон  Русија и Владимир Путин, наспроти бројното муслиманско население во регионот.

Овие европски стравови делумно се одразуваат на неуспехот од страна на европските лидери да профитираат на понекогаш спектакуларните успеси во однос на проширувањето, како што на пример беше со Полска. Наместо тоа, како сведоци на домашната политики се вклучени и многу европски лидери, кои ги истакнуваат тешкотиите и го потенцираат неуспехот на Унијата за проширување.

Со таков студен ветер од Западот, чудно е што „Еврофилијата“ почна да го отстапува своето место во градовите како што е Белград и да предизвика југоносталија. „Во тоа време бевме почитувани“, така ми се обрати пензионираниот српски дипломат. „Бевме една од најголемите држави во Движењето на неврзаните земји“.

Слично вакво расположение е евидентирани во Босна, па дури и во Хрватска, која од 2013 е членка на Европската Унија. За време на комунизмот, Југославија беше контраст на советскиот блок. Економски и социјални, нејзините жители беа во многу подобра состојба отколку оние во Централна Европа. Денеска тоа е обратно. Полска е во подем, додека поранешните југословенски држави (со исклучок на Словенија) се борат и се жртви на неизлечливите рани од далечното и блиското минато – вклучувајќи го циничниот атавизам на поранешниот југословенски и српски претседател Слободан Милошевиќ во одржува на моќта.

Со години Европската Унија изгледаше толку далеку. Одлуката од страна на претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер за укинување на функцијата комесар за проширување се смета за симболична, оставајќи многу земји во потрага по алтернативен модел. Руското освојување на Крим обезбеди појдовна точка за утра-националистичките Срби, кои жалат по загубата на Косово. Во меѓувреме, канцеларијата на Гаспром во центарот на Белград нуди видлив доказ за енергетската присутност на Русија во земјата.

Се разбира, вистина е дека не постои „руски модел“ за Балканот. Постојано блиските врски со Европа остануваат најдобриот начин за заминување на жителите од регионот. И покрај се’, во време на тешка економска криза, европските идеали остануваат единствениот ефикасен противотров за опасен национализам. За Балканот, како и за остатокот од Европа, ЕУ останува единствената алтернатива за иднината.

 

(Доминик Моиси е професор на Институтот за политика, Парис, постар советник во Францускиот Институт за меѓународни прашања и визитинг професор на Кингс Колеџ Лондон)

Add a Comment