МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Култура » Во Јабука Македонците ја прославија Василица

Во Јабука Македонците ја прославија Василица 

jabuka

Здружението на Maкедонци „Илинден“ од Јабука и оваа година го одбележаа христијанскиот празник­ Василица.

Во просториите на Ватрогасниот дом свечено украсени за оваа прилика, бројните гости од Белград, Панчево, Глогоњ, Качарево и други места ги поздрави претседателот на Здружението, Добре Јовановски и им посака здравје и убаво расположение.

Во пријатна атмосвера и трпеза полана и со македонски специјалитети, пијалоци, песна и ора­ Македонците ја прославија Василицаили Стара Нова Година.

Меѓу присутните гости беше и претседателот на Националниот совет на македонската заедница во Србија, господин Борче Велчичковски.

К. В.

Add a Comment