МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Актуелно » Во неколку зборови: Село

Во неколку зборови: Село 

selo

Во Глогоњ е завршено асфалтирањето на делот на Тамишка улица, а во тек е да се очистат ендеците кои ја регулираат водата од дождовите.

Програмата наречена „Глогоњ низ времето“ одржан е на 8 август во Домот на култура, а во рамките на проектор „Културен шок“ на 15 август се одржа рокконцерт на групата „Полумрак“. Исатата вечер во двориштето на романската православна црква во организација на КУД „Весеље“ приредена е игранка, на општо задоволство, пред се, на младите од Глогоњ.

Во Јабука и понатака вредно и забрзано се уредува платото пред месната амбуланта, а претпријатието ЈКП „Вод-ком“ вложи голем труд да ги санира голем број на дефекти и хаварии на водоводната мрежа. Од изјавите на жителите на Јабука имаат само зборови на пофалби и за нивната брзина и за нивната стручност.

Качарево забрзано се подготвува да ги уреди некои клучни улици, пред се улицата Маршал Тито, од Радничка до улицата „Борис Кидрич“.

А на летната сцена во Домот на култура дуото гитари на Маја Волк и Саша Вавиќ приредија , пред многубројните жители на Качарево успешен концерт.

Add a Comment