МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Најнови вести » Во Брисел на мирење!

Во Брисел на мирење! 

u-brisel-na-mirenje

Преговорите во Брисел завршија без конкретен догово, се очекува трета средба

(МИА) ­ Втората средба меѓу претставниците на владеачката партија ВМРО – ДПМНЕ и опозицициска партија СДСМ, со посредство на тројцата членови на Европскиот парламент, заврши во Брисел без да бидат соопштени повеќе детали за што се разговарало. Во заедничкото соопштение од европските парламентарци Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл се наведува дека разговори се одржале и дека е договорена повторна средба без да се прецизира кога и каде би се одржала. ­ Учесниците се согласија дека дискусиите ќе продолжат, се вели соопштението. Првата средба на претставници на двете партии се одржа, исто така, во Брисел на 30 март. Делегацијата на ВМРО­ДПМНЕ ја сочинуваа Никола Попоски, Никола Тодоров и Илија Димовски, а на СДСМ, Радмила Шекеринска, Рената Треневска­Дескоска и Виктор Габер. Тие имаа одделни средби со тројката европратеници, а потоа и кус заеднички состанок. Првата рунда од дијалогот, заврши без успех, но со договор разговорите да продолжат по велигденските празници. Според информациите од средбите, СДСМ останал на барањето за формирање преодна влада и за оставки на министри и раководни лица во Македонската­ радио телевизија, како и на Јавниот обвинител. Тоа било отфрлено од „тројката” од ВМРО­ ДПМНЕ.

Add a Comment