МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Актуелно » Во Белград прославен денот на независноста на република Македонија

Во Белград прославен денот на независноста на република Македонија 

ambasadorka1

Република Македонија денеска одбележува 23 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. Убедливо мнозинство, над 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 септември 1991 година, позитивно одговорија на референдумско прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија”.

Независноста претставува придобивка, но истовремено и голем предизвик и уште поголема одговорност за развојот на идните генерации, за постојана демократска надградба, за економски просперитет, за заземање на соодветно место во меѓународните заедници, за развојот на добрососедските односи.

На референдумот му претходеше Декларација за независност што пр- виот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година. Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.
Со интонирање на химните на Република Македонија и Република Србија во присуство на дипломатскиот кор, акредитирани претставници на другите амбасади во Белград, како и претставници од сите сфери на политичкиот, културниот, научниот и економскиот живот, многубројни гости, пријатели и претставници на НС на МНЗ и македонските здруженија Aмбaсадата на Република Македонија во  Белград го прослави Денот на независноста на Маkедонија.Обелжувањето на овој ден и на другите празници за Македонците кои живеат во Република Србија претставува можност меѓусебно да с  дружат, но и да се запознаат со дел од историјата на македонскиот народ.

Add a Comment