МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Најнови вести » Војводина е Европа во мало

Војводина е Европа во мало 

војводина

Претседателот на Владата на АП Војводина д-р Бојан Па- јтиќ секогаш кога ќе ја пре- тставува нашава покраина, ја прет- ставува како еден мултиетнички регион во Европа. Политиката на Владата на Војводина е во функција на националните и етничките зае- дници, во домен на остварување на човечките и малцинските права.

бојан-пајтићСе гордееме со своето богатство на нациите и со достигнатото ни- во на правата што ги имаат при- падниците на националните заед- ници во Војводина и додава дека во Собранието на Војводина во службена употреба се шест јазици. Покраинската влада го обезбедува и го финансира комплетното образо- вание во основните и средните училишта, дури и за припадниците на помалубројните национални за- едници. Исто така, како основач на Уни- верзитетот во Нови Сад, го фина- нсира и образованието на факу- лтетско ниво. Владата на Војводина ги спроведува посебните програми што се однесуваат на образованието на ромската националност. Покра- ината финансира повеќе од 200 сту- денти од ромската националност, што е еден процент од вкупната популација.

Ромите се специфична заедница и по својата социјална положба, на- гласува Пајтиќ. За остварувањето на правата на националните заедници, полити- ка на Владата на Војводина е, на- гласува претседателот Бојан Пај- тиќ, националните заедници да имаат свои претставници на сите места каде се донесуваат одлуки за нивната положба, да учествуваат и во дефинирањето на приоритетот на активностите со кои се обезбедува зачувувањето на националниот идентитет. Искрениот обид во барањето трајни решенија за складен живот, ја става Војводина на високо место и може да и послужи на Европа како вистински добар пример. Вој- водина е единственото место на мапата на Европа во која живеат во слога и почит повеќе од дваесет и три национални малцинства и која има најмногујазичен парламент, по самиот Европски парламент.

Е. В.

Add a Comment