МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Актуелно » Влаткo Стефановски во Белград

Влаткo Стефановски во Белград 

vlatko

Македонскиот и балкански бард, гитаристот Влатко Стефановски при­ре­ди во Големата сала на „Сава-центар“ величествен концерт на кој, поради огром­ниот интерес, голем број од публиката стоеше простум. Така му се оства­ри желбата на Влатко да го прослави јубилејот на четириесет-го­диш­но свирење токму во просторот кој најмногу го сака: Белград и „Сава центар“!

На овој концерт гости му беа сите уметници што го поддржувале и што верувале во неговиот талент.

За возврат, Влатко приреди изненадување со претставувањето на но­виот кантавторски албум „Сеир“. Материјалот го собирал цела деценија, а сни­мањето траело дури черири години!

Со ова тој ја поврзува својата порака до луѓето дека сè што е брзо е и сом­нително, затоа треба побавно да се случуваат некои одлучувачки работи.

Зборот сеир е од турско потекло и значи гледање, набљудување, забава, разо­нода, забавна глетка, нешто што заслужува да се види, чудо!

Стефановски на публиката ѝ подари и сплет на музички нумери ин­спи­ри­рани од македонскиот изворен мелос.

Поддршка му дадоа бројни врвни уметници, како и Гудачкиот камерен оркестар на Словенечката филхармонија.

И. Пенева

Add a Comment