МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Култура » Виновна е мојата учетелка

Виновна е мојата учетелка 

kultura-1

ИЗЛОЖБА НА МЛАДИ ОТ УМЕТНИК ВЛАДИМИР ДОНЧЕВ ВО ГАЛЕРИЈАТА НА МУЗЕЈОТ „ПОНИШАВЉЕ“ ВО ПИРОТ

Во галеријата на Музејот „По- нишавље“ во Пирот на 5 ју- ли 2011 година беше отворе- на првата самостојна изложба на младиот уметник-графичар Влади- мир Дончев. На отворањето прису- ствуваа голем број граѓани, пред сè млади луѓе, пријатели на Дончев, кои дојдоа да ја видат изложбата, а воедно да му ја стегнат раката и од сè срце честитаат. Меѓу првите му честита него- вата некогашна учителка Марина Николиќ која, како што рече Вла- димир е „виновна“ за животниот пат во уметноста. Таа уште во трет- тото оделение ја открила неговата наклоност кон уметноста во Основ- ното училиште „Вук Караџиќ“ од Пирот. На Владимир Дончев му чести- таа и бројните членови на маке- донското здружение „Бели Мугри“, во кое и тој членува. По повод из- ложбата Дончев нагласи дека е ова и за него свечен миг што долго ќе го помни. Инаку Владимир Дончев дипло- мирал на Академијата за ликовна уметност во Софија, каде ги завр- шил и постдипломските студии.

Учествувал на неколку колектив- ни изложби во Софија, Скопје, Бел- град и Битола, како и на светската изложба на цртежи во Зрењанин, Република Србија. Неговите дела се со висока умет- ничка вредност, како што ги оцени публиката, но и надлежните струч- ни лица. За вредностите на младиот умет- ник со топли и одбрани зборови го- вореше Радмила Влатковиќ, исто- ричар на уметноста и советник во музејот. Таа нагласи дека е поче- ствувана што токму таа е во мо- жност да ја отвори оваа изложба, поради тоа што е во прашање на- вистина талентиран сликар-графи- чар, млад уметник, гордост на Ма- кедонците и на градот Пирот. Младиот Дончев во цртежите на комбинирана техника на темата „Нераскидливо“ покажува голема творечка енергија, љубов кон око- лината и постојаното истражува- ње на животните постулати, обиду- вајќи се да направи единство меѓу внатрешниот и надворешниот про- стор во сопствената имагинација, истакна Радмила Влатковиќ.

СТЕВО ПАНАКИЈЕВСКИ

Add a Comment