МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Актуелно » Богатство од стилови и теми

Богатство од стилови и теми 

bogatstvo

Секој уметник има свој начин на изразување, своја тематика и поглед на свет. Меѓу нив се наоѓаат уметници од сите генерации и речиси сите беа присутни во ликовниот живот на Србија и пред формирањето на друштвото.

На 15 март во Установатана културата „Палилула“ во Белград во организација на Друштвото на ликовните уметници Македонци во Србија е отворена изложба на слики и скулптури изработени од членовите на друштвото кои живеат и работат во Белград.

Оваа друштво веќе три години активно работи и зад себе има бројни изложби преку кои ја шири македонската култура. Во неговите редови се наоѓаат уметници со долгогодишно искуство и богата кариера кои редовно ги изложуваат своите дела на заеднички и самостојни изложби.

- На оваа изложба учествуваат само 18 автори во просек со по две дела. Тоа се академски сликари и скулптори кои живеат и работат во Белград. Ги има од различни генерации и затоа изложбата е вистинско богатство на стилови и теми.Секој има свој начин на изразување, своја тематика и поглед на свет, рече на отварањето Васил Галев претседателот на Друштвото на ликовните уметници Македонци во Србија.

Меѓу нив се наоѓаат уметници од сите генерации и речиси сите беа присутни во ликовниот живот на Србија и пред формирањето на друштвото.

-Го формиравме друштвотоза да направиме подобра презентација на Македонците во Србија, рече Данкица Петровска.

Покрај претседателот на ДЛУМС присутните ги поздрави и академскиот сликар Димитар Чудов кој го нагласи значењето на изложбата и квалитетот на делата чии автори се врвни уметници со богато ликовно искуство.

Оваа изложба, како прва од низата планирани во 2015 година наиде на голем интерес кај публиката која имаше прилика до 31 март повторно да ги види уметничките дела. По планот за работа следната ќе биде отворена наскоро во музејот на Град Белград на која со свои дела ќе учествуваат сите членови на друштвото, но ќе има простор и за гости уметници.

Лилјана Лазареска

Add a Comment