МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Култура » Белград: Второ годишно и прво изборно собрание на ФММС

Белград: Второ годишно и прво изборно собрание на ФММС 

forum-mladih

Форумот на млади Македонци во Србија го одржа своето второ годишно и прво изборно собрание. Во прекрасниот амбиент на Канцеларијата за млади во „Београѓанка“, во присуство на голем број на членови и гости, претставени се извештајот за работа за изминатата 2014, програмата за работа во 2015 и планот за нејзиното извршување, а се избраа и нови членови на раководните функции во Форумот. Претседател на собранието: Вања Петрушевска, потпретседател: Константин Коцев,

претседател на Управен одбор и на ФММС: Емилија Николоска,потпретседател: Христијан Гурабиевски.

Членови на управен одбор: Зорица Митровиќ, Андреј Петровски, Ивана Моневска, Слободан Луковиќ, Андреј Лунески. На свечениот дел од собранието присуствуваа: Борче Величковски ­ претседател на НСМНЗ; Владо Радуловиќ ­ претставник на Канцеларијата за човекови и малцински права на Владата на Република Србија; Филип Лунески ­ претседател на Македонската бизнис асоцијација во Србија; Елисавета Ивановиќ ­ претседателка на здружението „Македониум“ од Белград; Благоја Илијевски ­ претседател на Здруженето „Вардар“ од Ниш; Добре Трајковски ­ претседател на здружението „Илинден“ од Јабука; Симо Најдовски ­ претседател на здружението „Вардар“ од Качарево, Љиља Најдовска ­ претседателка на Центарот за заштита и афирмација на македонската традиција и посебност; Ненад Коруновски ­ претседател на Здружението за заштита на обичаите и традицијата на Македонците во Србија; Никола Кипровски ­ член на ИО на НСМНЗ; Благоја Соколовски ­ член на ИО на НСМНЗ; Срѓан Илијевски ­ член на НСМНЗ; Доделени се и благодарнци за несебична поддршка и афирмација на ФММС во изминатиот период.

Во своето обраќање претседателот на НЦМНЗ, Борче величковски меѓу другото рече дека Форумот на млади Македонци во Србија е организација која ги собира сите млади Македонци од овие простори и суштвестена е и битна алка на организирањето на македонската национална заедница во Србија.

-Секој сериозен систем, особено систем кој се грижи за зачувување на националниот идентитет и просперитет, не може да се замисли и нема сериозен карактер без организација на младинците и нивниот секојдневен уплив во општествениот, политичкиот и стопанскиот живот и додаде дека Форумот треба да биде расадник на општествената, политичката и стопанската елита на македонскиот народ во Србија.

Add a Comment