МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Актуелно » Ансамблот „ТОШЕ ПРОЕСКИ“ на шестиот фестивал на изворна музика во Ниш

Ансамблот „ТОШЕ ПРОЕСКИ“ на шестиот фестивал на изворна музика во Ниш 

bravo-bravo

БРАВО.. БРАВО.. БРАВО…

Вака беа испратени членовите на ансамблот „Тоше Проески“ после настапот на шестиот фестивал на изворна музика кој се одржа во Ниш, во салата на Светосавскиот дом на 27.11.2015 год. Со своето професионално изведување на македонскиот мелос, со убавите усогласени гласови, македонската носија и убавината на членовите на ансамблот, ги разгалија срцата на присутните граѓани кои ги наградија со долготраен аплауз.

Ова е втор настап на ансамблот на оваа манифестација/ прв на првиот фестивал/, кој се одржува од 2010 година, со цел како што беше и првобитно замислена, да го прикаже достигнувањето на националните заедници на полето на културата, а посебно во музичката култура и негувањето на посебностите на националните заедници во етно или изворна музика. Замислата беше, сите 19 национални совети да испратат свои претставници кои би ги претставиле посебностите на полето на изворната и етно музика. Но и после шест години националните совети немаат разбирање за овој фестивал и со своето (не)учество ја деградираат и замислата и фестивалот. На овогодишниот фестивал учество зедоа ансамблите на Македонскиот,Чешкиот, Русинскиот, Бугарскиот и Ромскиот национален совет, а поддржан беше од Министерството за култура и информирање како и од градот Ниш. Членовите на ансамблот, предводени од председателот на здружението „ВАРДАР“ од Качарево Љубица Дојчиновска и уметничкиот раководител Љиљана Најдовска, имавме чест да ги примиме и во здружението и да им се заблагодариме за убавите моменти кои ги доживеавме на концертот. На приемот, со видео снимка се потсетивме како беше на првиот фестивал и ја констатиравме големата разлика во поглед на професионалноста на настапите, тогаш и сега. Воедно, Љубица и Љиља нѝ се заблагодарија за приемот, во името на ансамблот, нагласувајќи дека во Ниш секогаш биле дочекани како што и доликува за дочек на драги гости.

Б. Илијевски  

Add a Comment