МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Култура » Ана Брнабиќ избрана за премир на Србија

Ана Брнабиќ избрана за премир на Србија 

barnabic

Србија за прв пат доби жена- премиер. Досегашната министерка за јавна управа и локална самоуправа, Ана Брнабиќ, предизвика различни реакции. Опозицијата смета дека таа со едногодишниот политички ангажман ќе биде само фигура на местото премиер, која веројатно нема ни да ја составува самата…

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ одлучи и ја предложи Ана Брнабиќ, досегашната министерка за јавна управа и локална самоуправа, со што Србија за премиер првпат доби и непартиска личност, која како што самиот изјави, ќе се бави со економските прашања, а Ивица Дачиќ, кој фигурираше како фаворит за премиерското место ќе го води политичкиот дел во идната српска влада.

-Де факто, колку Ана Брнабиќ ќе се посвети на клучните економски прашања, на дигитализацијата и ИТ секторот, работата со Светска Банка и ММФ, секако вклучувајќи се и во политичките прашања, но суштински тој политички дел ќе го води Ивица Дачиќ, во кога имам огромна доверба… Ќе има уште две нови министерства и тоа ќе го решиме“, изјави претседателот Вучиќ.

Изборот на Ана Брнабиќ, која се заблагодари на довербата, предизвика различни реакции. Опозицијата истакнува дека Ана Брнабиќ со едногодишниот политички ангажман ќе биде само фигура на местото премиер во владата која веројатно нема ни да ја составува сама.

Според другите, српска премиерка е избор по желба на Запад. И во владеачката колација изборот на Вучиќ не наиде на одобрување. Медиумите пишуваат дека и во владеачката СНС постои големо незадоволство.

Аналитичарите се со поделени мислења, но едногласни во ставот дека изборот на Вучиќ нема да му ја загрози лидерската позиција во партијата. Воедно посочуваат дека социјалистите на Дачиќ ќе добијат повеќе министерски места, како и мир во коалицијата, со можност за нивен кандидат на местотот за градоначалник на Белград, на изборите напролет идната година.

Оливер Бранковиќ,

Add a Comment