МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Најнови вести » Амбасадорката Јовановска се сретна со Дачиќ

Амбасадорката Јовановска се сретна со Дачиќ 

ambasadorka-dacic

Во рамките на своите редовни активности амбасадорката на Р. Македонија во Белград Вера Јовановска – Типко, на 22 јули ја прими министерот за надворешни работи и прв потпретседател на Владата на Р. Србија Ивица Дачиќ. Покрај другото разговараа за прекуграничната соработка помеѓу двете пријатејски држави, за процесот на евроинтеграции , како и за инфраструктуралните проекти од заедники интерес на двете држави.

Темата на разговорот беше и можноста да се одржи заедничка седница на двете влади во Скопје и понатамошните чекори за потпишување на повеќе заеднички спогодби од сферата на економска и културна соработка.

Агилноста на амбасадорката Јовановска, која мошне добро се снаоѓа во овие простори, се искажа и во средбата со членовите на Пратеничката група пријателство со Македонија, со кои се состана во Домот на Народното собрание кадешто заеднички се сложија со ставот дека е неминовно да се подобри економската и регионална соработка меѓу двете земји, оценувајќи дека е очувувањето на стабилноста во овој дел на Балканот битен и важен фактор и за Србија и за Македонија.

К. В.

Add a Comment